Да не беше големата желба за создавање на безвременски креации, модниот свет немаше да го добие Диор, а Кристијан ќе станеше уште еден дипломат во низата.
Основачот на една од најпознатите модни куќи Christian Dior SE, легендарниот Кристијан Диор е можеби најзаслужниот дизајнер за поствоената мода.
Го донесе таканаречениот Нов Изглед или New Look, ја редефинираше облеката и го разбуди заспаниот осет за мода.
Кристијан е роден во Нормандија, Франција на 21 јануари, 1905 година во имотно семејство, како второ од пет деца.
Кога наполнил пет години, семејството се преселило во Париз. Иако неговите родители имале желба Кристијан да стане дипломат, тој воопшто не бил заинтересиран за таква позиција.
Уште како дете цртал дизајни и ги продавал за симболична сума.
Диор го напушта училиштето и со финансиска помош од татко му отвора мала галерија, каде заедно со уште еден пријател продаваат дела на Пабло Пикасо.
Сепак овој бизнис не потрајал многу, па по три години галеријата се затвора.
Кристијан не се откажуваше од модните дизајни, па благодарение на нив беше откриен од страна на шведскиот дизајнер Роберт Пиге.
Заедно со Пјер Балман станаа дел од модната куќа, а подоцна Диор ќе рече дека токму Пиге го научил како од едноставноста да создава врвна елеганција.
За време на војната ја напушта оваа модна куќа и се вработува во Lelong, каде дизајнира фустани за жените на нацистичките офицери и француските соработници.
Неговата сестра Кетрин која беше член на францускиот отпор, заврши во концетрационен камп откако беше фатена од Гестапо.
По завршувањето на војната таа е ослободена, а Диор во нејзина чест, го созадава и првиот парфем Miss Dior.
Модната куќа Диор, Кристијан ја основа во 1946 а првата колекција наречена Corolle е презентирана на 12 февруари 1947 година.
Се состоела од вкупно 90 дизајни, централно место заземала розата, а името New Look била идеја на главниот уредник на Harper's Bazaar.
Она што ги разликуваше креациите на Диор од крутите дизајни за време на војната, беше потенцирањето на облините кај жената.
Интересен е фактот што во првите три години од своето постоење улогата на креативен директор на Диор ја имаше Пјер Карден.
Тој во 1947 го создаде славниот Bar костум кој до ден денес е една од најпрепознатливите креации на модната куќа.
Новиот изглед донесе една модна револуција во Париз, а метрополата повторна стана центар на модата по Втората светска војна.
Со своите мајсторски креации Диор ги натера жените повторно да се вљубат во модата.
Пред големиот дизајнер ненадејно да замине од овој свет во 1957 година, го назначи 19 годишниот Ив Сан Лоран за асистент.
Срцев удар беше причина за неговата смрт, додека играл карти на одмор во Италија со своите пријатели.
Прерано замина, но она што го остави зад себе останува безвременско, трајно и маестрално во секој поглед.
Фото: Pinterest