Нашата денешна инспирација е блогерката Кристина Сурду. Таа е од Молдавија, но веќе со години живее и работи во Италија, па токму и тој дух и се забележува во нејзиниот стил и објави.
Освен модата, таа е голем вљубеник во патувањата, па кога ќе ја отворите таа рубрика на нејзиниот блог, што го има од 2012 година, ќе видите дека листата е прилично долга - Турција, Холандија, речиси цела Италија, Франција, Грција, Мексико, Мароко, Португалија, Швајцарија и други...
Вели, ретко оди во родната земја, а не е многу запознаена ни со стилот и животот во Романија. Иако во Италија се чувствува одлично, нејзината желба е да живее на Тенерифе.
„Со вереникот веќе купивме куќа таму. Не знам дали би можела цела година да престојувам таму, поради обврските и работата, но макар шест месеци би сакала да седам на Тенерифе. Кога ќе отидам таму се чувствувам спокојно, релаксирано и пријатно“, открива во едно интервју блогерката.
На Инстаграм ја следат нешто повеќе од 100.000 следбеници, за сега, а за својот стил ќе рече дека е лежерен и романтичен.
И навистина е така, едноставни, а сепак впечатливи парчиња, во склад со атмосферата од фотографиите, праваат одново и одново да го гледате нејзиниот профил. Гледајќи, ќе се вљубите одново и во Италија, но и во сите места каде што патува...
Во продолжение ви презентираме само дел од објавите за да се уверите во вистинитоста на она што го зборуваме: