Летен минимализам, неутрални тонови и дамски комбинации на инстаграм профилот @nadiaanya__

3 август 2022

Ако во вашиот гардеробер доминираат базични парчиња во неутрални тонови, а барате инспирација како да ги комбинирате ова лето, имаме интересен предлог: посетете го инстаграм профилот на шкотската модна блогерка лоцирана во Лондон, Надја Анја @nadiaanya.

Оваа 25-годишна блогерка неколку години е целосно посветена на работата на својот моден блог и на содржините кои претежно ги објавува на Инстаграм и Јутјуб, а се однесуваат на модна естетика дефинира преку сведени, едноставни и базични комбинации.

Таа секојдневно на своите речиси 700 илјади следбеници на Инстаграм им презентира како и наједноставните парчиња може да бидат впечатливи и забавни и како во суштина едноставноста е привлечна.

Иако студирала Бизнис и евент менаџмент, модата отсекогаш била нејзина пасија и прв избор, а денес ја ужива привилегијата да го работи токму она што го сака.

Ако го разгледате нејзиниот Инстаграм проифил, ќе забележите дека не експериментира многу со боја и стилови, туку „се држи" до нејзиниот проверен рецепт: неутрални тонови, едноставни линии и нота на романтика и женственост.

Понекогаш комбинациите знае да ги разигра со впечатливи, бохо или графички принтови, а ремените околу струк, очилата за сонце и чантите со привлечен дизајн, се есенцијални модни додатоци со кои секој нејзин изглед добива компактна целина.

Објавено:
3 август 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.105 пати