Кога ќе ги погледнете неговите фотографии добивате чувство дека ова момче доаѓа од друго време заради неговата аристократска убавина.
Ѓорѓи Поповски може да го вброиме помеѓу неколкуте врвни тенисери во нашата земја. Неговите успеси се докажаа кога стана државен првак број еден на ранг листата во Македонија.
Тој продолжува да се надоградува во Америка каде игра за престижниот Алкорн Универзитет. Големиот потенцијал за моделинг го препознаваат од агенцијата Моделс Ин Менаџмент од каде му даваат ексклузивен договор.
„Поповски во моментов има понуда од три различни модни агенции во Америка, но ние како матична агенција ќе одлучиме каде е најдобро за него“, вели Алек Наумовски ко-сопственик и менаџер.
Во очекување сме на следниот голем успех на Поповски, не само како тенисер туку и како модел.