Матилда Дрејв - Егзотична Швеѓанка која наликува на Брижит Бардо

15 февруари 2018

Матилда Дрејв е името на Швеѓанката која го привлече вниманието на модните светски медиуми. Магазинот „Who What Wear“ ја нарече шведската Брижит Бардо, поради сличностите во физичкиот изглед.

Но, не е само ликот тој што придонесува за споредбата. Матилда често го негува ретро стилот, со што уште повеќе се зголемува сличноста со француската актерка.

Инаку, оваа млада девојка, освен што е вљубеник во модата, ги сака и патувањата, што може да се види и по нејзиниот Инстаграм профил.

На прашањето без што не може да си го замисли патувањето, вели:

-Фото-апарат, партнерот (кој воедно и ми е фотограф) и бикини.

Освен што се  занимава со блогерство, таа е и манекенка.

-Со моделинк и манекенство почнав да се занимавам сосема случајно. Но, отсекогаш ми се допаѓало сè што е поврзано со фотографија, така што кога отворив Инстаграм, објавувањето на фотографии си дојде природно. А со тоа дојдоа и првите понуди да бидам модел, што многу ми се допаѓа и благодарна сум за тоа. Колку прекрасна случајност, нели? – смета Дрејв.

За оние што сакаат да бидат модни блогерки, има само еден совет:

-Секогаш бидете свои и држете се до тоа во што верувате. Има многу луѓе околу нас што се преправаат дека се нешто што не се, затоа мора да бидете свои! Успехот и среќата за мене се да поседувате посебност, уникатност во секој аспект од животот. А кога ќе блескате, тоа ќе се пренесе и преку фотографија.

Благодарана е што пораснала во Шведска, бидејќи имаат одличен систем кој ги поддржува во секоја сфера.

-Да се расте во мал град, од друга страна, секогаш е предизвик. Луѓето не сакаат кога излегуваш од шаблонот. Но, јас секогаш сонував за тоа да патувам и да ги следам своите соништа, што и се случува сега. Сепак, враќањето во Шведска во летните денови и потсетувањето на сите убави моменти што таму сум ги поминала, прави да ја сакам сепак повеќе од сите други места каде што сум била. Шведска ја има најзелената треба и најтемниот син океан, ноќи што траат засекогаш и крошни цвеќиња со кои ја славиме пролетта. Звучи убаво? А во зима правиме снешковци и пиеме топло чоколадо. Шведска е нешто што тешко кое место ќе го надмине – раскажува блогерката.

Во продолжение погледнете дел од нејзините фотографии на блогот и стил:

Објавено:
15 февруари 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
772 пати