Валери Леберишел е влијателно име во светот на комуникациите во високите модни кругови.
По долгогодишно искуство на челни комуникациски позиции во светски познати модни брендови, минатата година застана на менаџерската позиција за глобални комуникации и во етаблираната модна куќа Живанши.
Претходно поминала девет години како директор за комуникации во групацијата Прада, каде дошла од истата позиција во Селин, каде исто така поминала една деценија.
Во нејзиното портфолио се набројуваат и модните брендови Исеј Мијаке и Жан Луи Шерер, што укажува на нејзината плодна и успешна кариера во модната индустрија, па како таква нејзиниот деловен имиџ е предмет од особен интерес.
View this post on Instagram
Во нејзиното најново интервју за Вог, ќе каже дека преферира контрасти – што особено е воочливо во нејзиниот деловен имиџ.
View this post on Instagram
Како пример ќе го наведеме нејзиното умешно синхронизирање на едноставните и минималистички линии со по некој ексцентричен и храбар принт или дезен.
Таков „спој на контрасти" во нејзиниот стил е присутен и преку комбинирањето на женствени и унисекс парчиња или пак парчиња од различни сезони (неретко носи макси капути во комбинација со отворени летни сандали).
И можеби тој нејзин пристап е она што го прави нејзиниот стил уникатен.
View this post on Instagram
„Ја сакам модата уште од најрана возраст", ќе рече во истото интервју, каде открива дека низ своето „стилско созревање" поминала низ сите можни фази, од наједноставен, базичен и елегантен стил до панк фаза на избричена глава под влијание на музиката што ја слушата во периодот на 80-те.
View this post on Instagram
Така „талкајќи" и барајќи се, дошла до себеси и вистинската таа. Онаа Валери која го следи својот инстинкт кога е во прашање стилот, која не се води од тенденциите туку точно знае што сака.
Интересни се нејзините први и најрани сеќавања за модата, што ги поврзува со една од нејзините тетки Парижанки, која во раните 70-те во една прилика ѝ оставила впечаток со тоа што носела сензационален кожен комбинезон во металик златна нијанса.
View this post on Instagram
Уште тогаш, знаела да примети добар стил.
Како омилени модни икони ги наведува меѓу другите и Дејвид Боуви, Брајан Фери, Миуча Прада, Реи Кавабоко, Убер де Живанши и сите тие имале свое влијание во градењето на нејзиниот имиџ.
Фото: Вог
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram