Веќе години наназад се зборува дека трендовите и генерално модата не треба да познава возрасна граница. Ако децении претходно, девојките во 20-тите беа тие од кои можевме да видиме што актуелно ќе се носи, сега благодарение на социјалните мрежи, голем број жени и во своите доцни 30-ти, а се повеќе и во 40-тите и 50-тите години од животот се осмелуваат јавно да го прикажат својот моден израз, а воедно и да инспирираат други.
Токму во оваа група спаѓа и Италијанката Патриција Касарини. Таа е една од најпознатите „age plus“ блогерки. На Инстаграм ја следат повеќе од 200.000 луѓе, а од нејзиниот стил и начин на кој ги комбинира парчињата облека можат да учат и нејзините помлади „колешки“.
Нејзиното портфолио опфаќа завршени студии по моден дизајн во САД, како и работа како моден дизајнер во модната куќа „Барбери“. Последните години живее во Барселона, а својата љубов кон дизајнот ја прошири и на ентериерот.
Кога е деловниот стил во прашање, преферира удобни панталони и ниски чизми. Кога се вечерните комбинации пак во прашање, високите потпетици се задолжителни.
Една од нејзините модни тајни е впечатливи модни додатоци - накит, чанти со дизајнерски потпис, а во комбинација со едноставни парчиња облека.
Со нејзината модна смелост и умешност оваа 50+ дама совршено го одржува вниманието на публиката, а кога ќе ги погледнете нејзините комбинации ќе ви стане јасно и зошто.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram