Роден е во Тузла во 1991 година, па од таму заминува за време на војната во БИХ и се преселува во Мелбурн, Австралија. Познат е по феминизираниот изглед, со кој не престанува да ја шокира светската јавност. Тој е една од музите на Жан Пол Готје, глобално познат по изјавата дека би го сменил полот доколку тоа му донесе ангажман во Викторија Сикрет. Магазинот ФХМ го позиционирал на 98 место на листата за 100 најсекси жени во светот. Обожава да ги чита делата на Карл Маркс, а во една прилика изјавил – “Јас сум атеист и материјалист”.
Дата на раѓање – 28. 08. 1991 год.
Држава – БИХ, Австралија
Агенција – DNA, Storm models
Висина – 188 см.
Боја на косата – плава
Боја на очи – плава/зелена
Насловни страни – Dossier, New York Magazine, Schon Magazine
Едиторијали – Vogue, I-D, Arena Homme, Wonderland
Рекламни кампањи – Jean Paul Gaultier, Marc by Marc Jacobs
Ревии – Jean Paul Gaultier, John Galliano, Paul Smith, Raf Simons