Портфолио: Летиција Каста

24 април 2013

Францускиот топ модел и актерка, Летиција Каста е родена 1978 година. Прв пат во 1993 година случајно на плажа ја забележал фотограф на модната агенција Медисон. И покрај тоа што добар дел од  модните критичари биле негативно настроени кон неа поради тоа што со нејзините 169 сантиметри била под манекенските стандарди за висина, сепак Пол Марчијано, основач и директор на модната куќа Guess и обезбедел шанса и таа станала заштитно лице на неговата модна линија.

 

 

 

 

Во 1996 година се случува голем пресврт во нејзината кариера и таа станува дел од познатата модна куќа за долна облека  Викторија сикрет. Неколку години подоцна станува еден од петте ангели на брендот, заедно со Тајра Бенкс, Хајди Клум, Карен Мулдер и Стефани Сејмур.

81325471_984391854_north_545x

 

Препознатливиот лик и го гарантираше местото за водечко лице на козметичката куќа Лореал, а нејзината харизма и природна убавина беа доволен повод да биде незаменлива муза за модниот дизајнер Ив Сен Лоран.

 

 

 

Објавено:
24 април 2013
Категорија: 
Портфолио