Еден од посвежите ликови кои навистина оставија свој особен печат во машката мода е младиот и талентиран модел Владимир Цеков.
Ова харизматично момче од Куманово докажа дека модата за него е повеќе од обично хоби. Со различните ангажмани кои ги добива од неговата матична агенција Моделс ИН, тој покажа дека е доволно професионален и доследен во било кое модно опкружување.
Во моментов, неговиот приоритет е факултетот каде ја изучува економијата, но наоѓа доволно време и за кошарката и за сите оние работи кои го прават среќен.
За Fashionel тој вели дека балансот е клучот на успехот. Неговиот менаџер и букер Алек Наумовски од агенцијата Моделс ИН, само констатира дека покрај неговата професионалсот, успешноста на Владимир се должи на харизмата, позитивниот ум и вродениот шарм.