Запознајте го дизајнерскиот сензибилитет на Данкињата Мелани Биргер

28 октомври 2013

Мелани Биргер е Данска модна дизајнерка која MTV Europe ја круниса за кралица на модата во Копенхаген, а неколку пати од модни магазини беше прогласувана за најдобар светски дизајнер како во поглед на дизајнот така и за декорирање. Биргер својата сопствена линија облека почна да ја произведува во 2003 година. Нејзината инспирација датира од некое старо време, а најмногу се базира на класичниот стил од 50-те и 60-те години, покажувајќи инспиративна употреба на боите.

Нејзините прекрасни свилени фустани со шљокици и градници комбинирани со снежно бели кошули изгледаат феноменално. Женствениот,  но и едноставен дизајн, ги става овие креации во облека која мора да ја имате. Оваа дизајнерка во своите креации често ги применува светкавите детели и романтичните кроеви кои се совршени како за вечерно така и за дневно излегување. Биргер како главна инспирација за својата работа секогаш го наведува семејството. Нејзините креации освен одлични се и духовити, а имаат и необичен пат од креирање до финален производ. Мелани е дизајнерка на лесна облека или облека за секој ден со романтичен печат.

 

Нејзините креации се едни од најпопуларните во скандинавијата , а на секоја жена и овозможуваат слобода во движењето, динамика, но и висок квалитет.  Иако секојдневни парчиња, гламурот на минатото време се проткајува низ секое парче, а Биргер тоа го наследила во текот на животот од својата баба и мајка.

Сите нејзини креации би ги посакала секоја жена, за жал во Македонија не се достапни, но доколку сте на некое европско патување, лесно ќе ги пронајдете. Погледнете ја нејзината дизајнерска креативност за која сме сигурни дека ќе ги задоволи вашите очекувања.

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Портфолио