За себе вели дека не се сеќава на период кога не бил опседнат од модата. Канер е млад моден бизнисмен кој со својата упорност да се биде на врвот, ја создава сопствената елитната њујоршка машка модна агенција „Соул Артист Менаџмент“. Откако своето искуство и реноме го гради како главен агент во агенција за машки и женски модели „Women Management“,тој решава професионално да се воздигне како сопственик на своја модна агенција специјализирана само за машки модели. Токму кога овој период се актуелни машките колекции од главните градови на модата, акцентираме на овој влијателен профил на моден бизнисмен, чии модели се едни од најангажираните. Во интервју за странски моден медиум Џејсон Канер отктива што всушност значи да се има модна агенција за мажи, како ги бира моделите и какви бара модната индустрија. Моментално „Соул Артист Менаџмент“ има 120 активни портфолија на манекени, но големото влијание Џејсон вели дека можеби го направил поради тоа што како водечки модел од почетоците на бизнисот го имал актерот и модел Чанинг Татум.
-Воопшто не се сомневав дека тој е најдоброто што го имам. Модните брендови едноставно полудуваа да го имаат како дел од своите ревии и рекламни кампањи. Јас во тоа време 2010 година, бев единствениот негов менаџер. Татум направи бројни успеси од кои секако освен нему ми беа препишувани и мене, објаснува Канер и додава дека периодот едни од најбараните машки модели на кои им претстои брилијантна кариера се момците Кори Бонд и Чад Вајт.
На прашањето за тоа какви машки модели и требаат на модната сцена и по кои правила се води при селекцијата, тој вели дека е насочен кон избор на добро градени мажи, ни премногу слаби ниту премногу мускулести.
-Во последните неколку години на писта се повеќе присутни беа анорексичните изгледи, како женски така и машки. Јас лично се надевам дека во таа насока се чувствува позитивен прогрес и дека ваквите изгледи ќе станат минато. Дури се обидувам да сугерирам да се ангажираат машки модели со влакнести гради. Денешниот модел треба да биде атлетски граден и пред се да има убава кожа, коса, насмевка и сини очи, тоа се клучните карактеристики потреби за успешен машки модел.
Во моментот неговата модна агенција функционира под полна пареа и со голем тим. Покрај Џејсон во агенцијата работат уште шест агенти или модни трагачи на модели, за кои тој вели дека се сосема доволно да работат со такво темпо. И додека другите велат дека секогаш може да биде подобро, Канер ќе го каже спротивното.
-Јас сум многу задоволен од квантитетот и квалитетот на работата. Не сакам да го ширам бизнисот, но не велам и дека сакам да стагнирам до таму каде што сум. Моето мото гласи никогаш да не запрам со работа, но не и да форсирам кон непотребно трошење на енергија. Претставувам момци кои излегле од многу поголеми агенции од мојата, задоволни се и среќни што пред се ги полнат своите портфолија и се сеќаваат кога бил нивниот последен ангажман пред да помине многу време до следниот, завршува Џејсон.