Четврток со црвени детали
•
15 мај 2024
Четврток е ден за црвени детали кои што го подигнуваат секој стајлинг на едно повисоко ниво.
Денес сме стилизирани во класичен џинс и маичка на риги во морнарски стил.
Дополнуваме со беж мантил, црвен ремен и црвени балетанки со ремчиња.
Финишираме со мини црвена чанта и марама и ви посакуваме убав четврток.
Фото: Pinterest