Четврток во бели широки панталони + кошула
•
3 јуни 2021
Добро утро. И овој четврток го започнуваме со предлог комбинација за инспирација.
Белата е секогаш добар избор во пролетно-летната сезона. А ние овој пат им даваме предност на широките силуети, кои не само што се модерни, туку и оставаат кожата да дише.
Затоа, одберете панталони со широки ногавици, изгледаат елегантно и убодни се за носење и искомбинирајте ги со бела широка кошула.
На тоа додадете чевли со принт или сандали, мокасини, еспадрили.
Изгледот заокружете го со чанта и очила за сонце.
Ви посакуваме убав ден.