Четврток во целосно кафена комбинација
•
5 септември 2019
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски утрински температури на кои се чини дека треба веќе да се навикнеме.
Веќе е супер време на последните летни комбинации да им додадеме шик палта, па токму такво носиме денеска.
Комбинацијата се состои од стилски широки панталони со висок струк и едноставна памучна маичка со прерамки во иста нијанса, а одозгора палтото за кое говоревме, овојпат широко и во малку посветла нијанса.
Комбинацијата ја надополнивме со сандали на висока потпетица, очила за сонце и накит по ваш избор.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest