Претпоследниот ден од работната недела поминете го во елегантно издание составено од класични црни панталони и кошула во црно – бели пруги. Комбинирајте ги со црни потпетици и едноставно, но стилско капутче. Бидејќи комбинацијата е црно – бела, совршено ќе ви одговара и сребрен накит, па така не заборавајте го вашиот омилен часовник и алките во слична нијанса. Секако, надополнете го изгледот со стилска чантичка што совршено ќе се вклопи во денешниот стајлинг. 

Објавено:
25 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
565 пати