Четврток во црно – бело фустанче и кожена јакна
•
10 октомври 2019
Претпоследниот ден од работната недела и ден пред продолжениот викенд дочекавме супер време и одлична можност за фустанче.
Одбравме едно во црно – бела варијанта со животински принт, а истото е со долги ракави и должина до под колената.
Бидејќи е тенко, а утрата се студени, истото комбинирајте го со шик црна кожена јакна и некои интересни чизмички, а секако, тука се и модните додатоци.
Одбравме накит во златни нијанси и впечатлива шнола, а чантата денес е неодоливо црвена и одлично соодветствува со комбинацијата.
Имајте супер ден и уште поубав продолжен викенд!