Претпоследниот ден од работната недела сакаме да го поминете во елегантна и шик комбинација составена од панталони – килоти во црна боја и слатко џемперче со цветни апликации во горниот дел. Црните нијанси секогаш совршено одат со тексас јакна, па така нека биде и денеска. Што се однесува до чевлите, денеска носиме високи чизми во темно црвена боја со украси во задниот дел, како и чанта и часовник во слична нијанса. Украсете ги усните со кармин во бордо боја и уживајте во денот што е пред нас!

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
623 пати