Четврток во црвено
•
27 септември 2018
Денешната комбинација ја боиме во црвени тонови. Со оглед на тоа дека во утрата и во вечерните часови знае навистина да застуди, нашиот денешен предлог е една есенска и топла комбинација.
Се одлучивме за фармерки со висок струк кои ги комбинираме со боди-блуза во темноцрвена нијанса.
На тоа додаваме долг сив кафтан, а стајлингот го завршуваме со модни додатоци - тоа се оскфордки во колор-блок комбинација и црвена четириаголна чанта.
Имајте убав ден!