Четврток во џинс со бисери + бела кошула со волуменозни ракави
•
28 април 2022
Добро утро.
И овој четврток го започнуваме со предлог комбинација.
Овој пат се одлучивме за џинс украсен со бисери. Во случајов е во комбинација со бела блуза со волуменозни ракави.
Изборот на чевли се сандали на потпетица и со панделка, а стајлингот е заокружен со мала чанта.
На ова додадете и јакничка и чадор, бидејќи за денеска е најавен дожд.
Ви посакуваме убав ден.