Четврток во џинс + топол џемпер + беретка
•
24 февруари 2022
Добро утро! Уште еден ден нè дели од викендот, па се одлучивме денешниот предлог да биде полежерен и топол.
Омилените фармерки можете да ги искомбинирате со долга кошула, која пак ќе ја усогласите со топол пократок џемпер.
На тоа додадете беретка, која и оваа зима е апсолутен хит.
Иако на фотографијава не се гледаат обувките, оваа комбинација е совршена за со чизми до глужд или патики. Ако сте позимурливи, додадете на комбинацијва потенок капут или мантил.
Стајлингот заокружете го со чанта и дискретен накит.
Ви посакуваме убав ден!