Четврток во ѕвонарки и карирана блуза
•
5 октомври 2017
Добро утро. Денешните содржини ги започнуваме стандардно со стајлингот на денот. За овој четврток осмисливме една удобна, а сепак тренди комбинација, која ќе можете да ја искористите за повеќе пригоди.
Нашиот избор се фармерки - ѕвонарски од темен џинс, што ги комбинираме со блуза во едноставен крој, но со кариран принт, со слични нијанси со џинсот.
Ранецот со реси во бордо нијанса е практично и актуелно парче, а кога се обувките во прашање, нашиот избор се есенски мокасини, во стилот на оксфордките, во слична нијанса со ранчето.
Иако ја нема на фотографијата, јакната е добредојдена, особено ако сте позимурливи.
Ви посакуваме убав ден!