Четврток во карирана кошула и џинс
•
25 октомври 2018
Утрово се разбудивме со малку пониски температури од вообичаено, па време е добро да се облечеме.
Носиме едноставни фармерки со скинати делови и ги комбинираме со едно од омилените парчиња на сите генерации – карирана кошула.
Истата е доволна денеска да бидете супер тренди, но и да се стоплите со оглед на тоа што температурите почнаа да опаѓаат.
Оваа комбинација надополнете ја со интересна јакна со џебови во темно зелена боја и секако, кафени чизми на ниска потпетица.
Уживајте во денот!
Фото: Pinterest