Четврток во карирано здолниште и портокалово капутче
•
24 октомври 2019
Ден после празник, малку потешко се враќаме на обврските, но тоа секако не значи дека не треба да се дотераме и да блеснеме на работното место.
Овој четврток одбравме стилско карирано здолниште на преклоп со впечатливо копче во предниот дел и истото го комбинираме со едноставна црна блузичка.

Целото внимание денеска е свртено кон ова широко портокалово капутче со џебови во горниот дел и чизмите на висока потпетица.
Уникатната комбинација дополнително истакнете ја со кафено чантиче во кружна форма и накит по ваш избор.
Уживајте во денот!
Фото: Who What Wear