Четврток во карирано здолниште и топло џемперче
•
6 декември 2018
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во градот, а тоа секако значи и супер расположение.
Денеска носиме тренди карирано здолниште и го комбинираме со едноставна бела кошулка и нежно и меко џемперче во крем нијанса.
Комбинацијата надополнете ја со овие рамни чизмички во темно црвена нијанса и секако, одберете соодветно капутче што ќе ви одговара.
Уживајте во денот!