Четврток во колоритна комбинација
•
2 февруари 2017
Претпоследниот ден од работната недела поминете ја во стилска колоритна комбинација составена од широки фармерки и топло џемперче во пруги во различна боја украсено со цветна апликација во горниот дел. Иако очекувавме оваа недела температурите да се повисоки, утрово повторно паднаа под нулата, па стоплете се со оваа слатка јакна во розова боја и секако, високи чизми до глуждовите. Комбинацијата надополнете ја со оваа шик зимска капа и ранче во розова нијанса како остатокот од комбинацијата.