СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Четврток во кожна јакна и широки панталони
•
27 октомври 2022
Добро утро!
Последните денови на октомври не изненадија со високи температури, па зошто да не ги искористиме?
Нашата денешна комбинација ѝ дава предност на удобноста. Вашите омилени широки панталони во загасита и студена кафена нијанса ќе изгледаат одлично во комбинација со топ во соодветна или слична боја.
Вистинскиот шмек ќе го постигнете со кратка кожна јакна во портокалова боја, а дополнително можете да си поиграте со модните додатоци и да ѝ дадете шанса на ваш претпочитан модел на мини-чантичка со која ќе постигнете шик ефект.
Имајте прекрасен ден.