За овој четврток имаме рокерска комбинација со кожна јакна.

Женственост со доза на бунтовност преточена во карирано асиметрично здолниште, црни чизми на платформа и бела полуролка.

На ова додаваме кожна јакна, која е одлично решение за преодниот период.

Финишираме со светло кафена чанта и ви посакуваме убав ден.

Фото: Pinterest

Објавено:
21 февруари 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот