СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Четврток во кожни пантолони, топ на пруги и блејзер
•
9 ноември 2022
Добро утро!
Денешниот ден го започнуваме во класична, но опуштена комбинација во која ќе се чувствуваме добро и удобно. Одберете го вашиот омилен пар тесни фармерки од еко-кожа и искомбинирајте ги со блуза во црно-бели пруги, а лежерниот изглед на комбинацијата разбијте го со елегантен и класичен блејзер во кафена боја.
Од модни додатоци, одберете црна кожна чанта и удобни чевли со анимал принт.
Имајте убав ден.