Четврток во лежерна комбинација
•
7 декември 2017
Со оглед на тоа дека пред нас е продолжен викенд, за денеска се одлучивме да ви предложиме една лежерна, но сепак топла комбинација.
Нашиот предлог е темен џинс со висок струк, што го комбинираме со сина кошула на риги и бел џемпер. На тоа додаваме топла спортско-елегантна бело-тегетна јакна.
Кога се модните додатоци во прашање, спортски чизмички до глужд на врзување во тегет нијанса и бела чанта во четириаголна форма се изборот што ќе ја заокружи комбинацијата.
Ви посакуваме убав ден!