Добро утро!

Денес се одлучуваме за комбинација со која ќе докажеме дека сивата боја не е здодевна доколку знаеме како правилно да ја вметнеме во нашата гардероба. Иако многу едноставен, денешниот изглед базиран на сив плетен џемпер и сиви текстурирани класични пантолони кои завршуваат над глуждот, е пред сè удобен и совршено пригоден за канцелариска работа, како и релаксирано кафе со пријателите.

Фото: Pinterest

За повеќе текстура и слој топлина, додадете предимензиониран сив шал како наметка, и дополнете го изгледот со голема црна кожна чанта, очила за сонце и удобни бели патики кои ќе го разбијат сивилото на суптилен начин.

Уживајте во денот.

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
839 пати