Четврток во окер
•
22 јуни 2017
Четвртокот го боиме во окер нијанса. Инспирирани од боите на сонцето и убавото време, за денеска ви подготвивме лесна комбинација, идеална за повеќе пригоди.
Панталоните килоти во окер боја ги комбинираме со асиметрична кошула на риги и со карнер.
За да ја разиграме комбинацијата, додаваме чанта со сладоледи како принт.
Сандалите со ременчиња се во слична нијанса со панталоните, како и очилата за сонце.
Со оглед на тоа дека за денеска предвидуваат тропски температури, лесна летна комбинација во ваков стил е едно од подобрите решенија.
Ви посакуваме убав ден!