Добро утро. Се надеваме дека нè читате во добро расположение.

Нашиот денешен предлог за инспирација е монохроматска комбинација во розова нијанса. Составена е од панталони со висок струк и широка ногавица и волуменозна кошула, која всушност изгледа како тенко палто, вовлечена во панталоните.

Визуелно ќе добиете комплет кој личи и на комбинезон, а не е.

Додадете сандали или еспадрили, чанта и очила за сонце и уживајте во денот.

Објавено:
10 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
658 пати