Четврток во панталони со висок струк и џемпер
•
13 јануари 2022
Добро утро. И овој четврток го започнуваме со рубриката „Стајлинг на денот“.
Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од панталони со висок струк, со широки ногавици во бела нијанса и топол џемпер со јака и копчиња.
На тоа е додаден ремен со украсна тока, а секако комбинацијата треба да се заокружи со капут и чизми.
Вие направете ја вашата комбинација на бои и парчиња по овој пример.
Ви посакуваме убав ден.