Денешниот предлог за стајлинг на денот ни е една женствена комбинација. Се одлучивме за сив плетен фустан со долги ракави. Половината е истакната со црна кадифена лента која се врзува во панделка. 

Го комбинираме со црни чизми до глужд и капут во пастелно розова нијанса. 

Секако, бојата на капутот можете да ја прилагодите според вашите можности, идејата е да биде свежа и да внесе динамика во изгледот.

На крајот, додаваме чанта во слични нијанси како споменатите, сив шал и кармин.

Имајте убав ден!

Објавено:
24 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
760 пати