Уште една вистинска летна комбинација ви подготвивме во денешниот „Стајлинг на денот“. Можеби не е идеална за работното место, но секако е одлична за летен одмор.

Во центарот на комбинацијата се плисираните широки окер панталони, идеално лесно парче за жешките денови. Нив ги комбинираме со кус топ со цветен принт и панделка во предниот дел, нешто што веруваме дека секоја девојка што внимава на трендовите би посакала да го има.

Рамните балетанчиња со панделка во задниот дел се во иста нијанса со панталоните, а чантата е тонски усогласена со горниот дел.

Карминот е во неутрална нијанса, а на сето тоа додаваме и очила за сонце. Доколку имате соодветен шешир, може и тој да дојде предвид.

Имајте убав ден!

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
551 пати