Четврток во розово романтично фустанче
•
15 септември 2016
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во неодоливо романтично фустанче во две супер бои. Истото е со широки ракави кои се вистински хит оваа сезона. Комбинирајте го со едни од најпосакуваните чевли на потпетица за оваа есен, а комбинацијата надополнете ја со стилска чанта во слични бои, кружни очила за сонце и кармин во темно црвена боја.
Уживајте во совршениот сончев ден!