Четврток во широки панталони и долг плетен џемпер
•
25 март 2021
Добро утро. Баш убаво не' весели сонцево утринава, се надеваме дека и вие не' читате во добро расположение и здравје.
Нашиот денешен предлог и инспирација за стајлинг е составен од широки панталони во зелена нијанса и од долг плетен џемпер, односно туника во колор-блок варијанта.
И покрај тоа што овде доминираат зелените нијанси, вие можете да го прилагодите на вашите можности и гардеробер.
Обувките се во контрастна нијанса, додадете и капут и секако чанта.
Ви посакуваме убав ден.