Четврток во сив костим и бела маичка
•
19 септември 2019
Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со малку постудено време и можност за комбинирање на омилениот деловен костим.
Станува збор за дводелна комбинација составена од широки панталони и палто во прекрасна сива нијанса, а истата ја комбинираме со едноставна бела маичка одоздола.
Иако можеби станува збор за елегантна комбинација, истата ја комбинираме со бели патики и очила за сонце во истата нијанса, додека чантата е кафена и една од омилените оваа есен.
Имајте прекрасен ден!
Фото: Pinterest