Четврток во тексас комбинезон и бела блузичка
•
3 октомври 2019
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со пониски температури и дожд кој е најавен за во текот на целиот ден, па тоа значи дека со нас задолжително треба да понесеме чадор.
Денешната комбинација се состои од едноставна бела блузичка на долги ракави на која ѝ додадовме тексас комбинезон.
Стајлингот заокружете го со едноставни бели патики и стилско ранче, а кружните обетки секогаш се добредојдени.
Имајте убав ден!