СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Четврток во тесен црн топ и широки беж карго пантолони

18 август 2022

Добро утро!

Денес се одлучуваме за едноставна, удобна и шик комбинација преку која ќе ѝ дозволиме на нашата женствена енергија да зрачи со поинаква сила. Инспирирани од новиот тренд „мал топ и широки пантолони", денес го комбинираме нашиот омилен едноставен тесен црн топ без ракави со широки беж карго пантолони.

Фото: Pinterest

Модните додатоци како црниот ранец, црните „комбат" чизми и ланецот закачен од страна на пантолоните ќе му дадат дополнителна „остра" нијанса на изгледот.

Уживајте во денот.

Објавено:
18 август 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
423 пати