Четврток во удобни парчиња
•
29 октомври 2015
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер удобна комбинација составена од стилско здолниште во сива боја и џемперче со розова основа и бели точки.
Комбинацијата надополнете ја со топли сиви чизми со шик реси и сиво капутче што дополнително ќе ве стопли.
Додадете дополнителна стилска нота на комбинацијата со ова ранче во крем нијанса и истакнете се со впечатлив виолетов кармин.