Четврток во урбано издание
•
3 септември 2015
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер урбано издание составено од шик фустанче со долги ракави. Кусото фустанче е во прекрасна и свежа нијанса, а истото го комбинираме со ниски сандалки во неодолива златна нијанса. Чантата е мала во крем нијанса, а од накит денеска носиме мали, слатки обетчиња и часовник.
Имајте прекрасен четврток!