Кога станува збор за петок, комбинациите добиваат лежерни вибрации.

Релаксирано со доза на спортска елеганција за денес имаме крем панталони и иста таква блуза коишто ги спојуваме со сина кошула на риги.

Вака стилизирани одбираме и патики во бела боја за лесен чекор во текот на целиот ден.

Финишираме со кафена чанта и ви посакуваме убав викенд.

Фото: Pinterest

Објавено:
9 мај 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот