Петок во бел џинс и блејзер
•
13 мај 2022
Добро утро. Петок е, се надеваме дека и денеска нè читате во добро расположение. Нашиот денешен предлог е бела комбинација - фармерки со широки ногавици и бела блуза.
На тоа е додаден кариран блејзер. Она што посебно ја прави впечатлива комбинацијата се сините модни додатоци - чанта и чевли на потпетица.
Се надеваме дека ова ќе ве инспирира и предизвика модно вие да направите ваша комбинација.