СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Петок во целосно кожна комбинација во кафени тонови
•
20 октомври 2022
Добро утро!
За последниот работен ден од неделата предложуваме храбра есенска комбинација која се базира на кожни елементи во кафени нијанси. Вашите омилени кожни пантолони со класичен крој комбинирајте ги со кафена кропната кожна јакна со бело крзно, под која можете да носите кожен топ со необичен крој со кој би му дале свој белег на изгледот.
Фото: Pinterest
Комплетирајте го аутфитот со кожни чизми со шилест врв и чанта во контрастна смела боја, како тиркизната, со која ќе додадете свежина и игривост на едноставната палета на бои.
Уживајте во денот.