Добро утро. Викендот е пред нас, па се надеваме дека сте добро расположени. 

Основата на денешниот предлог-стајлинг се фармерки во сина нијанса. Искомбинирани се со бел горен дел, кој има ролка, но е без ракави.

Нагласените раменици, кои се се уште во тренд сезонава и фалтите во предниот дел го прават да биде уште повпечатлив.

Комбинацијата совршено оди со патики, но и со еспадрили, мокасини и сандали. Вие направете ја вашата комбинација и уживајте во денот и претстојниот викенд.

 

Објавено:
3 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.064 пати