Петок во џинс и сива ролка
•
16 ноември 2018
Последниот ден од работната недела секогаш сакаме да го поминеме во лежерни и удобни парчиња, па и денеска тоа не е исклучок.
Овој петок носиме едноставни фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со шармантна и топла ролка во сива нијанса.
Одозгора, комбинацијата надополнете ја со впечатлива кожена јакна која изгледа одлично заедно со овие парчиња.
Утрата се навистина свежи, па со себе понесете ја и оваа сива капа која одлично ќе се вклопи во целиот стајлинг.
Уживајте во денот!