Добро утро. Петок е, сигурни сме дека сте фино расположени пред викендов.

Ние и ова утро ви подготвивме предлог-комбинација за инспирација.

Облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со подолга кошула. Во случајов е бела и врз неа е додаден плетен топ во сина нијанса.

На тоа додадете чизми до глужд, јакна или капутче и секако не излегувајте од дома без чадор.

Ви посакуваме убав завршеток на работната недела.

Објавено:
15 октомври 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
695 пати