Петок во џинс + ролка + блејзер
•
19 февруари 2021
Петок е, сончево е и одлично сме расположени.
И ова утро го започнуваме сос предлог комбинација.
Одберете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со ролка со долги или кратки ракави, а потоа додадете блејзер.
Во случајов е кариран, но вие одберете каков имате дома.
На тоа додадете шапка ако имате и чанта за преку рамо.
Изборот на обувки на фотографијата се мокасини, но за нив ќе треба да почекаме уште некое време, затоа заменете ги за чизми до глужд, патики или високи чизми.
Ви посакуваме убав завршеток на работната недела.